Потпишано партнерство: Патниците во Велика Британија ќе се превезуваат со летечки такси

- Advertisement -


Со едно полнење на батеријата, леталото има домет од околу 240 km, а максималната брзина што може да ја достигне е 320 km/h.
Како да се реши зголемениот метеж на патиштата? Предлозите се различни – на пр. Илон Маск основал компанија со интересното име Boring Company за изградба на подземни тунели во кои би се одвивал сообраќај, додека бројни други компании решението не го гледаат долу, туку над патот. Досега се лансирани неколку стартапи кои го развиваат т.н летечки такси кои би можеле да полетуваат и слетуваат вертикално и да превезуваат патници по воздушен паt.

Kaко што пренесува Пословни дневник, меѓу таквите компании се Archer Aviation, Volocopter, Beta Technologies и Joby Aviation, кои претходно обезбедија инвестиции вредни стотици милиони долари од Delta Air и Toyota, а сега договорија партнерство со British Virgin Atlantic. Благодарение на ова партнерство, Virgin Atlantic треба да лансира авио-такси услуга, иако моментот кога патниците ќе можат да резервираат такво такси кое ќе ги однесе со авион до посакуваната дестинација ќе мора да чекаат уште некое време.

Имено, Џоби во Велика Британија прво мора да ги добие потребните сертификати поврзани со дизајнот и безбедноста, а ќе биде неопходно да се изградат специјални аеродроми или да се прилагодат постоечките аеродроми за такви авиони. Меѓу другото, ќе биде неопходно да се снабдат и со полначи бидејќи таквите летала ќе се движат со електромотори, па по летовите ќе треба да се полнат батериите.

- Advertisement -

А цената?
Електричниот авион на Џоби, кој во суштина изгледа како еден вид на беспилотно летало, има 6 ротори и седат пет лица, вклучувајќи го и пилотот. Со едно полнење на батеријата, леталото има домет од околу 240 km, а максималната брзина што може да ја достигне е 320 km/h. Кога Virgin ќе ја лансира услугата, воздушните такси ќе може да се нарачаат преку веб-страницата и апликацијата на Virgin Atlantic, а ќе биде интересно да се види колку ќе чинат таквите летови.
Треба да се очекува дека воздушните такси кои, на пример, од аеродромот во Манчестер до Лидс патниците требало да се превезат за само 15 минути, цената ќе биде доста висока, но од Joby Aviation велат дека ќе може да се спореди со постоечките премиум транспортни услуги. Сепак, само во пракса ќе дознаеме какви се бројките.

Покрај во Велика Британија, Joby планира да ја лансира својата комерцијална услуга и во САД, а компанијата неодамна се пофали дека успешно завршиле четири од петте потребни фази и сега очекуваат да започнат со превоз на првите патници до крајот на оваа година или почетокот на следната година.

- Advertisement -

Извор: The Verge
Фото – Wikimedia Commons

Сподели!
- Advertisement -