Владата донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава по трагедијата во Кочани

- Advertisement -

„На денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа, Владата донесе одлука за прогласување на 7 дневна жалост на територија на целата држава. Секој да се придржува до одлуката, бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на жалост во рамки на министерството за огромната несреќа која се случи“, соопштија од Владата.

На седницата на македонската Влада, била донесена и одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти – кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор, на територијата на државата и за наодите од надзорот да ја известат Владата, за, како што велат, да се утврди фактичката состојба дали работат според стандардите ги исполнуваат условите согласно законите и прописите на државата.

- Advertisement -

Исто така, Владата донесе заклучок за активирање на механизмот за барање на меѓународна помош.

Сподели!
- Advertisement -