Хонгкгонг речиси без исклучок е на првото место на листата со светски градови со најдобар јавен превоз поради неколку причини, а тоа секако не е случајно. Јавниот превоз е една од клучните ставки кои влијаат на квалитетот на животот во градот, а судејќи според задоволството на корисниците, како и развојот и ефикасноста на мрежата на јавниот транспорт. Затоа, Хонгконг со право може да се пофали со најдобриот јавен превоз во светот.
Неговите конкуренти ги вклучуваат некои азиски градови како Шангај и Пекинг, како и скандинавските земји и Швајцарија, додека остатокот од светот може само да се нервира бидејќи доцни, има гужва и се расправа за тоа дали патниците треба први да излезат од возилото или да влезат. Системот на јавен превоз во тој град е многу развиен, има добро изградена инфраструктура, а се карактеризира со пристапност и голема густина на станици и терминали, пишува Punkufer.
Метрото во Хонгконг или MTR (Mass Transit Railway) е еден од најнапредните системи на метро во светот. Низ него се прават околу 10 милиони патувања секој ден, а возовите сообраќаат толку често што времето на чекање речиси никогаш не надминува неколку минути – дури и за време на шпицот.
Хонгконг е поврзан со други облици на јавен превоз, како што се автобуси, трамваи, траекти, па дури и аеродромски трансфери, а патниците можат да си ги платат билетите бесконтактно, што значително придонесува за намалување на метежот. MTR е и единствениот систем на метро чии платформи се оградени со стаклени врати.
MTR се состои од 166 станици, а доцнењата и прекините во сообраќајот се сведени на минимум. Во голема мера благодарение на ефикасниот јавен превоз, Хонгконг има многу ниска стапка на сопственост на автомобили, и иако е огромна метропола, всушност е погодна за пешаците.
(Bizlife)
(фото: Wikimedia)