DevCon Skopje 2025: ИТ конференција која не треба да се пропушти – 10 мај во МКЦ

- Advertisement -

По четири успешни изданија во Скопје и две во Приштина, DevCon продолжува да ја гради својата традиција во Скопје со ново издание на 10 мај, повторно обединувајќи ја локалната ИТ заедница.

Оваа година, фокусот е на развој на веб и мобилни апликации, но ќе има и презентации на актуелни теми како што се DevOps, QA, податоци и вештачка интелигенција.

- Advertisement -

р е к л а м а

Присуството е бесплатно, регистрирајте се на следниов ЛИНК.

- Advertisement -

DevCon – настан создаден од заедницата, за заедницата – започна во 2019 година, овозможувајќи им на локалните и меѓународни професионалци да се поврзат, разменат искуства и споделат знаење за најновите трендови во ИТ индустријата.

Оваа година, покрај петте македонски говорници, програмата вклучува и по еден претставник од Косово и Грузија.

- Advertisement -

Целосната агенда на настанот  како и повеќе информации за самата конференција може да се прочитаат на официјалнaта веб-страница.

“Чест и задоволство ни е да бидеме домаќини на конференцијата која по петти пат се одржува во Скопје. Секоја година расте интересот за DevCon и во бројот на учесници и во интересот за партнерство меѓу компаниите. Одбравме врвни говорници од ИТ индустријата кои ќе споделат знаење за најновите технологии и практики, прилагодени за различни интереси. Со задоволство ве покануваме да бидете дел од ова уникатно искуство и заедно да ја градиме иднината на ИТ заедницата” – изјави Петар Баковски, Оперативен директор во Valtech и еден од иницијаторите на DevCon.

“DevCon не претставува само презентации и предавања. Оваа конференција носи вистинска вредност преку знаењето кое го споделуваат токму луѓето кои секојдневно работат со технологијата создавајќи и одржувајќи најразлични продукти и услуги. Среќни сме што поддржуваме ваква иницијатива која ги поврзува луѓето и ја поттикнува нивната желба за учење. Нам сосема природно ни доаѓа да поддржиме еден ваков настан – баш онаков на каков и самите би сакале да присуствуваме” – додаде Брент Кастнер, Технички директор во Tarmac.

“Навистина ни е задоволство што се придружуваме на овогодинешниот DevCon како ко-организатори и што сме дел од ваков настан што ја зближува ИТ заедницата во Македонија. DevCon не само што претставува платформа за дискусија на најновите ИТ трендови и технологии, туку служи и за размена на искуства и создавање нови познанства во ИТ заедницата. Горди сме што поддржуваме вакви иницијативи и со нетрпение го очекуваме DevCon” – истакна Елена Инадеска Аврамовска, Employee Experience Manager во Singular.

Не пропуштајте, 10 мај, сабота во 09:00 часот, МКЦ Скопје (сала Фросина).

DevCon Skopje 2025 е меѓународна ИТ конференција, а кај нас годинава е поддржана со организација од компаниите ValtechTarmac and Singular, со поддршка од Women in Tech MacedoniaMarketing365 и Konekt.mk.

Сподели!
- Advertisement -