„Мајкрософт“, сопственикот на „Скајп“, објави дека на 5 мај официјално ќе ја затвори оваа комуникациска платформа по повеќе од две децении постоење.
„Скајп“ беше првата платформа која, од 2003 година, им овозможи на корисниците пристап до бесплатни аудио и видео повици од компјутер до компјутер низ целиот свет и префрлаше фиксни и мобилни повици на Интернет.
Како што наведуваат од „Мајкрософт“, нивната цел е да ја поедностават понудата за корисниците и да се фокусираат на нивната „моќна бизнис платформа Teams“, кон која милиони преостанати корисници на Skype ќе бидат пренасочени во наредните денови, пренесува „Индипендент“.
Во соопштението со кое се најавува крајот на Skype, компанијата Microsoft, која ја купи платформата во 2011 година за 8,5 милијарди долари, призна дека ова е чин на „отстранување на Skype од апаратот за одржување во живот на кој, реално, беше на него десет години“.
Едно од објаснувањата за неуспехот на „Skype2“ е тоа што не бил прилагоден за паметни мобилни телефони и дека не можел да се справи со конкуренцијата од апликации прилагодени за работа од дома како што е „Zoom“.
(Извор: Танјуг)
Фото – FB