Една капсула го заменува земањето повеќе таблети одеднаш

- Advertisement -

Инженери од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего развија капсула што може да се наполни со повеќе лекови и да се ослободи во одредено време во текот на денот. Ова откритие, објавено во списанието Matter, може да помогне да се подобри придржувањето кон распоредите за лекови и да се елиминира потребата пациентите да земаат повеќе лекови или дози во различни периоди од денот, потенцијално намалувајќи го ризикот од пропуштени дози или случајно предозирање.

„Сакаме да го поедноставиме управувањето со лековите со една капсула која е доволно паметна за да го испорача вистинскиот лек во вистинската доза во вистинско време“, рече првиот автор на студијата, Амал Абас, која неодамна докторираше хемиски инженеринг на Факултетот за инженерство при Универзитетот Сан Диего.

- Advertisement -

Таа ја водеше оваа работа со Џозеф Ванг, професор на Катедрата за хемиско и наноинженерство на Универзитетот Сан Диего. Гледајќи ги потенцијалните придобивки за пациентите, како и за нивните старатели, Абас лансира стартап компанија за да го забрза развојот и комерцијализацијата на капсулата.

Внатре во капсулата повеќе лекови се спакувани во посебни прегради. Секој е дизајниран да ја објави својата содржина во однапред одредено време. Лековите се одделени со бариери направени од матрица од лактоза и малтоза вградени во полимер, кој реагира на pH. Овој полимер ги штити лековите од стомачната киселина, но се раствора во поалкална средина. Со прилагодување на густината на овој полимер, истражувачите можат да контролираат колку време е потребно за да се раствори секоја бариера, осигурувајќи дека лековите се ослободуваат во точно дефинирани временски интервали.

- Advertisement -

Временскиот распоред не е единствената паметна карактеристика на капсулата. Истражувачите вклучиле и микроскопски честички на магнезиум, кои функционираат како ситни мешалки и траат кратко време во телото. Тие реагираат со стомачната киселина, создавајќи водородни меури. Ова движење ја меша содржината на капсулата и го олеснува растворањето на лекот, што е особено корисно за лекови кои бараат брза апсорпција, како што се лекови против болки, кардиоваскуларни лекови или итни третмани.

Честичките на магнезиум имаат и друга функција.Ттие ја неутрализираат желудочната киселина, што привремено создава локализирана алкална средина. Ова помага да се растворат полимерните бариери чувствителни на pH за да се активира ослободувањето на следните лекови.

- Advertisement -

„Овој иновативен пристап на земање дневни капсули обезбедува целосна усогласеност во текот на денот со цел да се подобрат резултатите од третманот на пациентите“, рече Ванг.

Сите материјали што се користат за изработка на капсулата се одобрени од Американската агенција за храна и лекови. Како доказ за концептот истражувачите спакуваа капсула со три дози „леводопа“, лек за Паркинсонова болест. Секоја доза била означена со прехранбена боја: жолта, зелена и црвена, за визуелно да се следи нејзиното ослободување под симулирани стомачни услови.

Првата доза, која била во одделот за мешалка со магнезиум, била дизајнирана за брзо ослободување. Втората и третата доза, сместени во прегради без миксери, биле пуштени со средна и бавна брзина, соодветно. Експериментот успешно покажал дека капсулата може да дава лекови во различни фази.

Тимот избра лек за Паркинсонова болест како тест случај за нивната капсула бидејќи треба постојано да се зема на секои неколку часа за да се задржат симптомите под контрола. „Ова временски ограничено ослободување на повеќекратни дози навистина може да им помогне на пациентите со Паркинсонова болест. Доколку нивото на лекот падне премногу ниско, пациентите ќе доживеат тремор и други моторни симптоми. Но, ако можеме да го одржиме тоа ниво стабилно, можеме да помогнеме и во одржување на стабилноста на движењето на пациентот. Нашата капсула има потенцијал да ја обезбеди таа стабилност во текот на денот, така што пациентите не мора да се грижат за совршено темпирање на секоја доза” вели Абас.

Абас исто така гледа потенцијал во користењето на оваа капсула за комбинирани терапии. Кардиоваскуларните болести, на пример, често бараат од пациентите да земаат комбинација од аспирин, бета-блокатори и лекови за намалување на холестеролот, секој со свој распоред на дозирање. Со земање на овие лекови во точно дефинирана секвенца, пациентите може да примаат аспирин наутро, бета-блокатор попладне и лекови за холестерол навечер, сето тоа од една капсула.

Овој пристап може да обезбеди секој лек да се испорачува кога е најефективен, потенцијално намалувајќи ги несаканите ефекти и оптимизирајќи ги терапевтските придобивки. Следните чекори вклучуваат ин виво тестирање, зголемување на производството, проширување на можностите за ослободување на капсулата на повеќе од еден ден и истражување на локализирано ослободување на лекот во цревата за насочени терапии.

(Vidi.hr)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -