Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус продаден во Дубаи за речиси 130 милиони евра

- Advertisement -

Компанијата за развој на недвижности од Обединетите Арапски Емирати „Бингати“ објави дека продала стан во Дубаи по рекордно висока цена по квадратен метар. Станува збор за пентхаус од 4.385 квадратни метри сместен во станбен комплекс што го носи името на брендот Бугати. Квадратен метар од оваа зграда чини околу 29.000 евра, а пентхаусот е продаден за 127 милиони евра.

Трансакцијата за продажба ја склучил главниот директор за продажба на компанијата, Абдула Бингати, поставувајќи нов светски рекорд на пазарот на недвижности во Дубаи, постигнувајќи ја највисоката цена по квадратен метар досега забележана во „Бизнис Заливот“, објави gulfconstructiononline.com.

Според извештаите, бразилскиот фудбалер Нејмар и италијанскиот тенор Андреа Бочели веќе поседуваат станови во тој комплекс.

- Advertisement -

(Танјуг)

фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -