6.8 C
Skopje
сабота, февруари 14, 2026


Во француско кафуле си пишувате писмо себеси кое ќе пристигне за 5, 10 или 20 години

- Advertisement -

Кафулето Pli е прво од ваков вид во Европа, инспирирано од Nuldam Space кафуле со сличен концепт во Сеул, Јужна Кореја. Ќе го најдете на улицата Faubourg du Temple број 38, во 11-тиот арондисман во Париз. Основанo е од Женевјев Лендсман во јули 2024 година.

Посетителите можат да изберат од различни канцелариски материјали како што се коверти, разгледници, налепници, пенкала, хемиски пенкала и поштенска марка и да напишат писмо до себе или до некој друг, кое ќе биде испратено во иднина.

- Advertisement -

Запечатените коверти потоа се ставаат во преграда за секој ден од годината; Едноставно го избирате датумот кога сакате да биде испратено вашето писмо, а персоналот во Pli ќе се погрижи за останатото.

Чувањето писмо до една година чини 15 евра. Ако сакате вашето писмо да биде чувано пет години, цената се зголемува на 25 евра. За 45 евра испраќањето може да се одложи до дваесет години.

- Advertisement -

Во случај кафулето да престане да работи тие гарантираат дека сите писма ќе бидат складирани и уредно испратени од одговорното лице. Промена на адреса може да се побара преку интернет за дополнителни 10 евра. Дополнителни 4 евра се додаваат за меѓународна поштарина, што важи за сите земји надвор од Франција, без оглед на континентот.

Кафулето е и уметнички центар, кој редовно организира работилници за креативно пишување и калиграфија, линорез и акварел.

- Advertisement -

Напишете писмо до вашето идно јас. Доверете се себеси со отворено срце, охрабрете се, посакајте си успех или опишете спомен… Можете исто така да му пишете на сакана личност за важен иден состанок, да ја изненадите на одреден ден со писмо напишано специјално за неа“, велат сопствениците на Pli, додавајќи:

Искуството со пишувањето е уникатно, носталгично и инспиративно во исто време. Можете исто така да го користите нашиот фото агол и да ставите фотографија во плик како спомен. Имаме ограничен број на достапни маси без резервации. Сепак, препорачуваме да резервирате однапред, особено за време на викендите и празниците.“

(Pun Kufer/Bizlife)

(фото: Instagram)

Сподели!
- Advertisement -