Најстарата манастирска пиварница во светот, германската „Велтенбургер“ (Weltenburger), ќе биде продадена на производителот „Шнајдер Вајс“ од Минхен, како дел од консолидацијата во секторот предизвикана од остриот пад на продажбата на пиво во водечката економија на Еврозоната.
Пивото се приготвува во опатијата „Велтенбург“, импресивен и сè уште активен манастир на бреговите на Дунав во Баварија, речиси 1.000 години, пишува „Гардијан“.Иако објектот сè уште е во сопственост на Католичката црква, бенедиктинските монаси го препуштија производството на наградуваното лагер пиво и препознатливите темни пива пред половина век на вработените во п иварницата „Бишофсхоф“, која исто така ќе биде продадена на „Шнајдер Вајс“.
Епархијата Регенсбург и „Шнајдер Вајс“ се согласи на продажбата по повеќегодишен период во кој бизнисот на „Велтенбургер“ беше во минус, принудувајќи ја црквата да инвестира свои средства за да го одржи бизнисот, објавија локалните медиуми.
Тил Хедрих, генерален директор и на „Велтенбургер“ и на „Бишофшоф“, рече дека планираното решение би можело да го отстрани ризикот пиварниците целосно да се затворат или распаднат од инвеститорите „без никаква врска со регионот“, а воедно да се зачува „важен дел од баварската традиција на производство на пиво“ на долг рок.
Финансиските детали за продажбата на „Велтенбургер“ на „Шнајдер“, релативно млада пиварница основана во 1872 година, не беа откриени. Завршувањето на трансакцијата е планирано да биде завршено до јануари 2027 година, а сите вработени (21 од нив) ќе бидат задржани во „Велтенбургер“.
„Покрај зачувувањето на традицијата, за нас е многу важно барем дел од работните места да останат директно во регионот“, рече епископот на Регенсбург, Рудолф Водерхолцер.
Пиварницата „Бишофшоф“, основана во 1649 година и со 56 вработени, ќе го прекине производството на крајот од годината, кога брендот ќе се пресели под капата на „Шнајдер Вајс“.
Производството на пиво „Велтенбургер“ ќе продолжи во опатијата, додека епархијата во Регенсбург објави дека бара решенија за грижа за работниците од Бишофсхоф кои ќе ги изгубат своите работни места. Пиварницата „Велтенбургер“ објави дека низ вековите преживеала „пожари, поплави, уништување и секуларизација, како и една светска војна“.
(B92)
Фото – Pixabay



























