Производителите на чипови во проблеми поради глобалниот недостиг на хелиум

- Advertisement -

Кризата на Блискиот Исток ги катапултираше цените на хелиумот, гас што се користи во неколку клучни фази од производството на чипови, вклучувајќи ладење, проверка за потенцијални протекувања и прецизни производствени процеси. Намалената понуда на хелиум поради конфликтот на Блискиот Исток почна да влијае на компаниите во глобалните синџири на снабдување на технолошкиот сектор, кои почнаа да бараат други добавувачи, изјавија бизнис лидерите од секторот за Ројтерс.

Кризата на Блискиот Исток ги катапултираше цените на хелиумот, гас што се користи во неколку клучни фази од производството на чипови, вклучувајќи ладење, проверка за потенцијални протекувања и прецизни производствени процеси. Хелиумот е нуспроизвод од втечнувањето на природниот гас и неговото производство е концентрирано во неколку земји.

- Advertisement -

Катар произведува една петтина од светскиот течен природен гас и е втор на ранг-листата на водечки извозници, зад САД. Според податоците на USGS, Катар произведува повеќе од една третина од светскиот хелиум. „Катар Енерџи“ минатата недела објави дека 17 проценти од нивниот капацитет за извоз на течен природен гас (ЛНГ) е уништен во иранските напади. Реновирањето може да трае од три до пет години, изјави минатиот четврток извршниот директор Саад ал-Каби.

Иран одговори на израелско-американскиот напад врз иранското гасно поле Јужен Парс со напади врз катарските објекти.

- Advertisement -

„Недостатокот на хелиум е голем проблем“, изјави за Ројтерс Камерон Џонсон, експерт во консултантската компанија за синџири на снабдување „Тајдал Вејв Солушнс“ на конференцијата „Семикон Кина“ во Шангај.

Компаниите во секторот за полупроводници имаат многу малку опции на располагање и можат веднаш да преземат мерки како што се замрзнување на производството и давање приоритет на клучните производи, рече Џонсон.

- Advertisement -

Според него, многумина се надеваат дека проблемот ќе биде брзо решен бидејќи долгорочниот недостиг би можел да ги принуди да го намалат производството, што би влијаело на широк спектар на други сектори, од производители на електроника и мобилни телефони до автомобилската индустрија, забележа експертот за „Тајдал Вејв Солушнс“. Во случај на недостиг, компаниите би можеле да го забават, а на крајот и целосно да го запрат производството на чипови, предупреди Џонсон.

Конфликтот на Блискиот Исток го намали снабдувањето со хелиум и веќе влијае на производството кај голем број компании, вклучувајќи ја и швајцарската „ВАТ“, изјави Џери Жанг, раководител на одделот за продажба истакнувајќи дека ситуацијата е дополнително комплицирана поради доцнењата во испораката. Компанијата бара алтернативни добавувачи, вклучувајќи ги и оние од Соединетите Американски Држави.

Нарушувањето се пренесува и на поширокиот синџир на снабдување од регионот, па доцнењето на суровините испорачани од Израел резултираше со доцнење на испораките на одредени производи. Некои клиенти чекаат подолго за опремата што ја нарачале, изјави Џоу Лимин од одделот за системи MRSI на Mycronic, кој дизајнира и произведува опрема за производство на чипови.

„Краткорочните последици се несомнено видливи и веќе ги почувствувавме“, рече Џоу.

Во среда, француската група за индустриски гасови Air Liquide предупреди дека очекува краткорочен недостиг на хелиум поради конфликтот на Блискиот Исток.

Со оглед на ситуацијата на Блискиот Исток и нападите врз полето на природен гас од минатата недела, има недостиг од хелиум“, изјави потпретседателката на групацијата „Ер Ликвид“, Армел Левие.

Француската компанија е клучен снабдувач на полупроводничката индустрија на Тајван, вклучувајќи го и најголемиот светски производител на чипови „Тајван Семикондактор Манфуркшн Ко.“ (TSMC). Тие имаат повеќе од 60 фабрики во Тајван, од кои 54 ја снабдуваат полупроводничката индустрија. Снабдувањето со хелиум на Тајван останува стабилно, и покрај проблемите со снабдувањето од Блискиот Исток, соопшти Министерството за економија во вторник, додавајќи дека хелиумот сега може да се увезува и од САД.

(Poslovni dnevnik)
Фото – Pixnio

- Advertisement -