Инспекција на Европската комисија во фабриките на производителите на чоколадо

- Advertisement -

Брисел се сомнева дека компанијата можеби ги прекршила регулативите на ЕУ што „забрануваат картели и рестриктивни деловни практики и дека можеби злоупотребила доминантна позиција на пазарот“.

Европската комисија испрати ненајавена инспекција во просториите на неименуван производител на чоколадни бомбони во две земји од ЕУ поради сомневање дека ги прекршил регулативите за рамноправна конкуренција на пазарот.
Брисел се сомнева дека компанијата можеби ги прекршила регулативите на ЕУ што „забрануваат картели и рестриктивни деловни практики и дека можеби злоупотребила доминантна позиција на пазарот“, се вели во соопштението објавено во понеделник.
Фокусот на истрагата е можна „сегментација на пазарот“ преку ограничување на трговијата со стоки меѓу членките на ЕУ и можни пречки во набавките во неколку земји, се додава во соопштението за медиумите.

- Advertisement -

Инспекциите се прелиминарен чекор во истрагата за можно истиснување на конкуренцијата и не имплицираат автоматски дека компанијата навистина ги прекршила регулативите, се нагласува.

Рок за завршување на истрагата не беше даден, а портпаролите на Европската комисија не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за детали.

- Advertisement -

(Poslovni.hr)
Фото – Needpix

- Advertisement -