Листа на 10-те најуспешни менаџерки во Македонија за оваа година

- Advertisement -

Познати се овогодинешните 10 најуспешни менаџерки во Македонија. Тие ќе бидат прогласени на годинашниот 22. избор на Топ 10 најуспешни што го организира агенцијата „Марили“ на 29-ти овој месец.

  • Пенка Мукаетова, Kонсталтинг интер груп
  • Лидија Таскова Попова, „ЕСП“,
  • Горица Дачевска ПЗУ „Др. Горица Дачевска“
  • Ирена Јакимовска, „Комфи Ангел“
  • Јана Јанеска-Ристески, Центар за современа ликовна уметност
  • Елена Табаковска, „Фармаген“
  • Слаѓана Стаменкова „Елит Травел“
  • Александра Аргир од „Скопска пивара“
  • Магдалена Трајковска-Трпевска, генерален менаџер во Технолаб и
  • Наташа Стојковска од „Витаминка“

Изборот се прави од жени менаџерки од приватниот сектор. За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба тие да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности.

Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20 годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспеши менаџерки.

- Advertisement -

Покрај традиционалниот избор на 10-те најуспешни жени менаџерки, „Марили“ годинава по четврти пат го организира и Денот на здравјето насловен како „Дама Да“ кој ќе се одржи на 31-ви овој месец.

Сподели!
- Advertisement -