ОАЕ ги напуштаaт ОПЕК и ОПЕК+

- Advertisement -

Обединетите Арапски Емирати во вторник објавија дека се повлекуваат од ОПЕК и ОПЕК+, нанесувајќи им сериозен удар на овие организации за извоз на нафта во време кога војната во Иран веќе предизвикува историски енергетски шок и ја дестабилизира глобалната економија.

Производителите на нафта од Персискиот Залив, кои се членки на ОПЕК, веќе некое време се борат со извозот поради закани и напади врз бродови во Ормутскиот теснец, тесен премин помеѓу Иран и Оман низ кој нормално минуваат една петтина од вкупните светски залихи на сурова нафта и течен природен гас, објавува Ал Џезира.

- Advertisement -

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го обвини ОПЕК дека „го ограбува остатокот од светот“ со вештачко зголемување на цените на нафтата. Покрај тоа, Трамп директно ја поврза воената поддршка на САД за земјите од Персискиот Залив со цените на нафтата, тврдејќи дека тие земји „ја искористуваат“ заштитата на САД со одржување на високи цени.

Одлуката на ОАЕ да ја напуштат организацијата дојде откако Емиратите отворено ги обвинија арапските сојузници дека не направиле доволно за да ги заштитат од бројни ирански напади за време на војната. Дипломатскиот советник на претседателот на ОАЕ, Анвар Гараш, го искористи собирот на Заливскиот форум на влијателни личности во понеделник за да упати остри критики за одговорот на арапските земји и земјите од Заливот на иранските напади.

- Advertisement -

„Земјите од Советот за соработка во Заливот си пружија логистичка поддршка, но политичкиот и воениот став историски беа најслаби“, рече Гараш. Тој додаде дека не очекува повеќе од Арапската лига, туку дека токму несоодветната реакција на земјите од Советот за соработка во Заливот го изненадила и разочарала.

Министерството за енергетика на ОАЕ соопшти дека ограничувањата во Ормутскиот теснец значат дека излегувањето на земјата од ОПЕК нема да има големо влијание врз пазарот на нафта. Властите велат дека напуштањето на организацијата ќе донесе поголема флексибилност за Емиратите и дека одлуката е во согласност со нивната долгорочна економска и стратешка визија.
Обединетите Арапски Емирати се приклучија на ОПЕК во 1967 година преку емиратот Абу Даби и останаа членка по формирањето на земјата во 1971 година. Нивното излегување од организацијата ќе стапи на сила во петок. Излегувањето на ОАЕ од ОПЕК и групата ОПЕК+ се смета за политичка победа за Трамп.

- Advertisement -

Фото – Free IMG

- Advertisement -