Самсунг ја проширува својата наградувана Spatial Signage линија со глобалното претставување на моделот од 32 инчи

- Advertisement -

32-инчниот Spatial Signage дисплеј им дава на трговците на мало и на бизнисите практичен начин да ги подобрат приказите на производите на полиците и пултовите, без просторните барања за поголемите формати

Samsung VXT додава AI Studio, Smart Download и нови алатки за управување со содржини, зајакнувајќи ја својата платформа за управување и со конвенционалните и со дигиталните прикази од еден централен систем на управување

 Компанијата Самсунг (“Samsung“), денес го најави глобалното претставување на 32-инчниот Samsung Spatial Signage дисплеј, дигитален адвертајзинг систем, (модел SMHX), додавајќи компактен формат во својата палета на комерцијални 3D дисплеи без очила. Дизајниран за тесни полици и пултови, овој дисплеј им нуди на брендовите флексибилен начин да претстават содржина фокусирана на производи во целосна 3D ротација.

- Advertisement -

“32-инчниот Spatial Signage го прави имерзивното 3Д достапно во многу поширок спектар на комерцијални средини”, изјави Хјунг Џе Ким (Hyoung Jae Kim), Извршен Потпретседател на одделот за визуелни дисплеи (Visual Display – VD) во “Samsung Electronics“. “Во комбинација со нашето растечко портфолио на дисплеи и решенија, новиот модел ја одразува посветеноста на ’Samsung’ за градење поврзан екосистем на комерцијални дисплеи на кој клиентите можат да се потпрат, каде и да работат.”

Помал формат, поголемо влијание на ниво на полица

- Advertisement -

Моделот од 32 инчи пристигнува по глобалното лансирање на 85-инчниот Spatial Signage дисплеј претходно оваа година. Додека 85-инчниот модел е дизајниран за големи, впечатливи малопродажни инсталации со визуелизации на производи во вистинска големина, 32-инчниот модел го носи истото 3D искуство без очила на полиците, пултовите и други компактни простори.

Погоден за широк спектар на средини, вклучувајќи малопродажба, јавни простори, локации за забава, образование и угостителство, помалиот формат носи имерзивна 3Д содржина на места каде што блиската видливост е најважна. 32-инчниот Spatial Signage дисплеј помага да се истакнат избрани производи, промотивни содржини, информации за изложби, пораки на кампус и други содржини со големо влијание.

- Advertisement -

Дисплејот Spatial Signage ја користи патентираната технологија 3D Plate на “Samsung“, која применува бинокуларна паралакса за да испорача различни слики до секое око, создавајќи кинематографска длабочина без 3D очила. Оваа технологија ја задржува целосната јасност додека ги прикажува сите страни на производот во реалистична ротација од 360 степени.

Со тежина од само 8,5 кг и елегантен тенок профил од 49,4 мм, моделот од 32 инчи има FHD резолуција (1.080 x 1.920) во портретен формат со сразмер 9:16. За разлика од гломазните 3D дисплеи во форма на кутија, тој е лесен, едноставен за инсталирање и е компатибилен со стандардните “VESA“ ѕидни носачи за поставување на ѕид или статив, слично како и конвенционалните комерцијални дисплеи.

Дисплејот Spatial Signage доби индустриско признание, вклучувајќи ја Наградата за иновации на CES 2026 во категоријата “Enterprise Tech“ и сребрената награда на Edison Наградите. Во иднина, “Samsung“ планира дополнително да ја прошири понудата на Spatial Signage дисплеи со нови големини, вклучувајќи модел од 55 инчи.

Повеќе контрола и креативност со Samsung VXT

“Samsung“ исто така најави нови ажурирања за Samsung VXT, својата платформа за дигитални комерцијални дисплеи базирана на облак. Ажурирањето носи нови можности во целокупното портфолио на дигитални комерцијални дисплеи на “Samsung“, вклучувајќи го и Spatial Signage. Бизнисите можат да го користат VXT за управување со поврзани екрани на повеќе локации, за распоредување и автоматизирање на испораката на содржини и за создавање видео содржини подготвени за комерцијални дисплеи директно во рамките на платформата.

За дополнително подобрување на далечинското управување, “Samsung“ додаде можности за закажување на однапред дефинираните поставки на екранот, овозможувајќи примена на поставки како осветленост, јачина на звук и тајмери за вклучување/исклучување на поврзаните дисплеи во одредено време или според утврден распоред, вклучително и надвор од работното време. VXT исто така вклучува Smart Download (паметно преземање), функција која помага да се намали оптоварувањето на мрежниот сообраќај со овозможување содржината да се презема на некои екрани и да се споделува со други поврзани екрани на истата мрежа.

Објавена на почетокот на овој месец, апликацијата AI Studio им овозможува на корисниците да создаваат видеа подготвени за комерцијални дисплеи од една слика на производ и текстуално барање, со опција за зголемување на резолуцијата на излезот до 4K UHD со 60 слики во секунда. Апликацијата исто така вклучува опција за оптимизирање на содржината за Spatial Signage дисплеј за да се подобри целокупното 3D искуство при гледањето. 

Samsung VXT исто така ги прошири своите можности за управување со содржини со следниве функции:

  • Функцијата Event сега вклучува автоматизирани транзиции на содржини, со додавање на нови видови настани, како што се временските услови. Ова им овозможува на бизнисите автоматски да прикажуваат содржини врз основа на реалните временски услови. На пример, комерцијалните дисплеи можат да промовираат облека за дожд во влажно време и да се префрлат на капи за сонце во сончеви услови, овозможувајќи им на бизнисите подинамично да управуваат со содржините во различни сценарија.
  • Функцијата Multiple Takeover овозможува синхронизирани транзиции на содржини на сите поврзани екрани, врз основа на однапред зададен распоред и циклус на репродукција, овозможувајќи централизирана контрола врз големи кампањи со содржини.
  • Виџетот за стриминг овозможува стриминг во реално време на содржини од пренос во живо, директно на поврзаните дисплеи, со поддршка на поставки за превод.

Постојаниот фокус на Samsung на унапредување и на хардверот за дисплеи и на платформските можности придонесе за неговата позиција како светски провајдер број 1 на комерцијални дисплеи 17 години по ред. За повеќе информации, ве молиме посетете ја официјалната страница на “Samsung“. 

- Advertisement -