Хуманоидни роботи ќе работат со багаж и товар на аеродромот во Токио

- Advertisement -

Japan Airlines одлучи да користи хуманоидни роботи за да им помогне на вработените во аеродромот во ракувањето со багаж и товар. Хуманоидните роботи ќе бидат дел од тест што започнува во мај, со кој ќе се преместува багаж и товар на аеродромот Ханеда во Токио.

На прес-конференција на Japan Airlines оваа недела, роботите беше забележани како нежно туркат товар на транспортерска лента и им мавтаат на луѓе колеги. Во друг момент се ракуваат со друг колега, давајќи увид во нивнатс големина – високи се само 1,2 метри. Андроидите (роботите) можат да работат два до три часа со едно полнење.

- Advertisement -

Тестирањето ќе се одвива во неколку фази, така што андроидите нема веднаш да работат „вистински“. Прво, JAL ќе ги мапира и ќе ги анализира условите на аеродромот за да утврди каде можат безбедно да работат заедно со луѓе. Потоа роботите ќе бидат подложени на тестови во симулирани аеродромски средини пред конечно да им се придружат на човечките работници на пистата. Ако сè оди според планот, тие на крајот би можеле да се користат за други задачи, вклучително и чистење на кабини на авиони.

Автоматизацијата обично вклучува одземање работни места од луѓето, но изгледа поинаку кога земјата се соочува со недостиг на работна сила. Уникатните услови на Јапонија ја прават интригантно тест-поле, со нејзиното население кое брзо старее и ниската стапка на наталитет, што доведува до намалување на работната сила. Со политички притисок за ограничување на имиграцијата, околностите се практично прилагодени за корпорациите да ја рационализираат својата употреба на андроиди.

- Advertisement -

Без оглед на тоа како ќе заврши ова тестирање, Силиконската долина ги разгледува роботите слични на луѓе како еден од своите следни големи проекти. Андроидите во работната сила се реалност со која ќе мора да се соочиме во наредните години.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Reuters)

- Advertisement -