Зошто сè повеќе луѓе го вклучуваат кефирот во своето секојдневие?

- Advertisement -

Кога станува збор за природна грижа за организмот, кефирот одамна е препознаен како еден од највредните ферментирани млечни производи. Благодарение на богатството од корисни бактериски култури и хранливи состојки, тој придонесува за подобра дигестија, поддршка на имунолошкиот систем и одржување на здравјето на коските.

Некогаш кефирот најчесто се подготвуваше во домашни услови, процес кој бараше време и посветеност. Денес, со Баланс+ Кефир од Бимилк, сите придобивки од традиционалниот кефир се достапни во практичен производ подготвен за секојдневна консумација.

- Advertisement -

Достапен во пакувања од 500 и 950 грама, Баланс+ Кефир е создаден со внимателно развиена формула која содржи пет млечни и пет кефирни култури. Во својот состав содржи белковини, витамини од Б групата, калциум и витамин Д – хранливи состојки кои играат важна улога во одржувањето на виталноста и добрата физичка состојба.

Она што дополнително го издвојува е неговиот пријатен, благ вкус и кремаста текстура. За разлика од традиционалниот кефир со поинтензивен вкус, Баланс+ Кефир е прилагоден и за оние кои досега ретко го вклучувале кефирот во својата исхрана, правејќи го лесен избор за секојдневна употреба.

- Advertisement -

Благодарение на природниот процес на ферментација, кефирот помага во одржувањето на балансот на дигестивниот систем и подобрата искористливост на хранливите материи. Со редовна консумација, тој може да биде вреден сојузник во поддршката на имунитетот и целокупната благосостојба на организмот.

Со Баланс+ Кефир, здравите навики стануваат полесни, повкусни и подостапни – секој ден.

- Advertisement -