Трамп се закани со 100% царина за француските вина

- Advertisement -


Претседателот Доналд Трамп предупреди дека Франција мора да го укине „данокот на промет“ од 3% за технологија или да се соочи со 100% царини за увоз на американско вино и шампањ, објави „Њујорк пост“.
Претседателот ја упати заканата пред овогодинешниот самит на Г7 во Евиан-ле-Бен, Франција.

„Го замолив претседателот Емануел Макрон да не им наплаќа на американските компании, а ако го сторат тоа, немам друг избор освен да наплатам 100% царина на целиот шампањ и целото вино што доаѓа од Франција“, изјави Трамп за „Пост“.
Данокот за дигитални услуги, одобрен од француските пратеници во 2019 година, вклучува данок од 3% на бруто приходите генерирани во Франција од големите технолошки компании, вклучувајќи ги и американските гиганти како што се „Амазон“, „Мета“ и „Алфабет“.

- Advertisement -

Извозот во САД сочинува околу една петтина од вкупната глобална продажба на француската винска индустрија, околу 2 милијарди долари годишно. Ова не е прв пат администрацијата на Трамп да ја таргетира француската винска индустрија со одмазднички мерки.

Фото – Pick Pik

- Advertisement -