Пишува: ТМ Рох, Претседател и Главен Извршен Директор на компанијата “Samsung Electronics“.
Историјата често ги повторува истите шаблони. Откритијата што носат промени сè поретко се само најмоќните изуми сами по себе. Вистинскиот пресврт настанува во оној момент кога овие изуми навлегуваат во секојдневниот живот. Електричната енергија го промени општеството не преку електрани, туку кога во домовите се појави прекинувач. Интернетот го освоивме преку прелистувачот. Телефонот стана моќен преку екосистемот на апликации што се развија врз него.
Вештачката интелигенција нема да е исклучок.
Онаму каде вештачката интелигенција се среќава со луѓето
Вештачката интелигенција сé станува попаметна, сè побрзо и овој тренд ќе продолжи. Но, за да го промени начинот на животот на луѓето, таа мора да одговори каде, како и во чии раце стигнува оваа интелигенција? Ова ќе го дефинира нејзиното следно поглавје на вештачката интелигенција.
Вештачката интелигенција повеќе не дава само одговара. Таа влегува во агентската ера, преземајќи активности во наше име додека финалната одлука останува на човекот. Но, за да дејствува во нечие име, најпрво мора да го познава.
Затоа е важно каде вештачката интелигенција се среќава со луѓето. Точките на пресретнување се местата каде што вештачката интелигенција ја разбира личноста и гради доверба. Најдобрите искуства со вештачката интелигенција ќе дојдат од уредите што најдобро го познаваат корисникот.
Токму ова е она што Самсунг („Samsung“) го гради со години. Телефонот е најблиску до нас и е дел од нашето секојдневие. Таблетот е местото каде што создаваме и учиме. Часовникот чита сигнали како спиење и отчукувања на срцето. Телевизорот и поврзаните домашни апарати додаваат контекст од местото каде што живееме. Новите форма фактори, од преклопни уреди до интелигентни очила, го прошируваат местото каде што вештачката интелигенција се среќава со нас. Заедно, се формира поцелосна слика за потребите на една личност.
Овие точки на среќавање се моќни заедно. Сигналите од сите уреди стануваат навремена помош: спиењето следено од вашиот часовник го обликува утрешниот распоред, со информации секогаш достапни. Вештачката интелигенција во најдобро издание работи тивко во позадина, доведувајќи ги овие моменти во кохезивно искуство. Затоа, поминавме години градејќи екосистем – не само за да достигнеме, туку и да поврземе повеќе моменти.
Изграден на темелите на отвореност и доверба
„Samsung“ не го прави ова сам. Платформите што го променија светот беа најотворени. Таков беше и интернетот. Такви беа и мобилните оперативни системи. Со SmartThings, ги споивме уредите, услугите и партнерите во едно поврзано искуство, обликувајќи ги отворените стандарди во индустријата. Отвореноста им овозможува на најдобрите идеи побрзо да стигнат до луѓето. Ние не само што ја надополнуваме интелигенцијата, тукуг го дизајнираме начинот на кој функционира вештачката интелигенција во центарот на искуството, служејќи на секоја личност во вистинскиот контекст.
Но, самата отвореност не е целта. Потешката задача е да се претвори интелигенцијата во нешто лично и доверливо. Најдобрата интелигенција во светот треба да стигне до луѓето преку нивните секојдневни уреди. Но, она што ја прави лична е разбирањето на корисникот и безбедното чување на тоа разбирање. Тоа е наша одговорност.
Како што вештачката интелигенција станува поперсонална и агентска, довербата станува основа. Луѓето треба да знаат што вештачката интелигенција прави за нив и да останат во контрола.
Затоа довербата не се додава на крајот. Samsung Knox го штити секој Galaxy уред, а сега и врските меѓу нив. Како што интелигенцијата се движи низ уредите, заштитата на она што се разменува меѓу нив е клучно. Најголемиот дел од личните податоци остануваат на уредот за луѓето да можат да разберат како функционира вештачката интелигенција и да останат во контрола.
Ново поглавје на Galaxy иновацијата
Истото разбирање ги обликува уредите што ги градиме. Колку вештачката интелигенција станува поперсонална и поспособна, толку поважен е обликот на уредот. Вештачката интелигенција ни помага со повеќе работи одеднаш, а екранот што се витка и преклопува го проширува она што е можно. Ова е она што ги прави преклопните уреди посебни: тие се преклопуваат во вашата рака или отвораат поголема сцена. На ова патување, „Samsung“ продолжи да ги прави преклопните уреди потенки, полесни, посилни и поимпресивни.
Вештачката интелигенција е исто така неопходна за здравјето. Како спиеме, се опоравуваме и се грижиме за себе е дел од секојдневните избори кои се собираат низ времето. Уредот кој ни е блиску , како часовник, ги следи овие сигнали обезбедувајќи подобар ден.
Претстојниот Galaxy Unpacked настан е местото каде што ќе покажеме што е следно во спојувањето на сето ова: поперсонални, природни искуства со вештачка интелигенција врз основа на која повеќе партнери можат да надградуваат. Прашањето што ја отвора следната ера не е кој има најпаметна вештачка интелигенција, туку кој најдобро ги разбира луѓето и го претвора тоа разбирање во искуства на кои можат да веруваат.
Имаме намера да го следиме овој пат со отвореност и одговорност, почнувајќи со уредот што веќе е во вашата рака. Го отвораме ова следно поглавје заедно на Galaxy Unpacked настанот.
За потсетување, “Samsung“ ќе ги претстави своите Galaxy уреди од новата генерација на настанот Galaxy Unpacked на 22 јули, 2026 година. Настанот можете да го гледате во живо на Samsung.com, Samsung Newsroom и YouTube каналот на “Samsung“ почнувајќи од 15:00 часот по локално време, а за да ги добиете најновите информации, ексклузивни поволности и ваучер од 6.000 денари за купување на еден од новите Galaxy уреди што ќе бидат лансирани подоцна овој месец, регистрирајте се на samsung.com/unpacked.



























