Xiaomi Auto го направи првиот чекор кон влез на европскиот пазар во 2027 година

- Advertisement -

Претставниците на автомобилската подружница на кинеската компанија Xiaomi (Xiaomi Auto) потпишаа меморандуми за разбирање со осум германски групи дилери на автомобили, што претставува прв чекор кон влез на европскиот пазар во 2027 година.

Кинеската компанија наведува дека нејзините нови партнери имаат богато искуство во работењето во Германија и други европски земји, како и во продажбата и сервисирањето на премиум брендови на автомобили, објавува порталот CnEVPost.

- Advertisement -

Германија ќе биде почетна точка за развој на европската продажна мрежа, а компанијата планира да воспостави соработка со други дилери низ цела Европа пред лансирањето на возилото во 2027 година.

Xiaomi не објави колку продажни објекти ќе отворат поединечните партнери, ниту на кои територии ќе работат. Компанијата исто така сè уште не објави кои модели ќе им ги понуди на европските клиенти, нивните цени или прецизен распоред за почеток на продажбата и испораките во 2027 година.

- Advertisement -

За нешто повеќе од две години, Xiaomi изгради силна позиција на кинескиот пазар на електрични автомобили. Главните модели се спортскиот седан SU7 и теренецот YU7, кои брзо станаа хитови во продажбата во Кина. Според сопствените податоци, компанијата испорачала вкупно повеќе од 700.000 возила до крајот на јули 2026 година.

Фото – Xiaomi веб

- Advertisement -