Цената на нафтата може да надмине 150 долари поради нападите врз рафинерии

- Advertisement -

Затегнатите односи меѓу Иран и САД околу Ормутскиот теснец – кои ги ограничија испораките на нафта и гас од Персискиот Залив – можеби се само вовед во нешто што би можело да предизвика многу поголема и потрајна штета: масовни и успешни напади врз рафинериите во регионот.

Според едно сценарио разгледано од( Morgans – австралиска брокерска куќа која не е поврзана со поголемата американска компанија со истото име – прекините во работата на рафинериите би можеле да ја покачат цената на нафтата на 150 долари за барел, па и повисоко.

- Advertisement -

„Напад што би ги онеспособил клучните капацитети за преработка или извоз би резултирал со повеќегодишен недостиг во снабдувањето. Пазарот не е во состојба да апсорбира таков шок“, наведуваат од Morgans.

„Наместо прекини во протокот на нафта предизвикани од блокади и напади врз бродови, би дошло до загуба на значителен дел од залихите на нафта – потенцијално со години. Тоа не е нашето основно сценарио. Сепак, доколку дојде до такво нешто, очекуваме цената на суровата нафта од типот ’Брент‘ да се искачи над 150 долари за барел.“додаваат оттаму.

- Advertisement -

Во својата најнова анализа на индустријата за нафта и преработка, брокерската куќа изнесува уште една нова теза: дека Кина ќе стане „новиот ОПЕК“. Тоа би се случило не преку контрола на понудата – како што се обидува да прави Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) – туку преку контрола на побарувачката.

Теоријата за кинеската побарувачка е посложена од потенцијалната штета предизвикана од загубата на капацитетите на рафинериите – сценарио што Morgans го опишува како „новиот Ормуз“.

- Advertisement -

„Рафинериите се појавуваат како следна клучна точка во глобалната економија каде што би можело да дојде до сериозен пореметување, додека тензиите на пазарите на дизел остануваат високи. Кога станува збор за нафтата, проблемот не се резервите, туку растечкиот ризик дека нафтената инфраструктура би можела да биде нападната и исфрлена од употреба со години.“ забележува брокерската куќа.

Предупредувањата за можноста од големо пореметување на нафтената инфраструктура стануваат сè погласни со месеци. За време на конфликтот со Иран, беа погодени рафинерии и на двете страни. Подоцна, беше затворен и саудискиот нафтовод што ги поврзува источниот и западниот дел на земјата. Теоријата на Morgans во врска со сè позначајната улога на Кина на пазарот на нафта започнува со констатацијата дека токму кинеската побарувачка за нафта е причината поради која цената на суровата нафта од типот „Брент“ сè уште не достигнала 150 долари за барел.

Со проценети резерви на нафта од 1,4 милијарди барели и опаѓачка побарувачка за рафинирани нафтени деривати – предизвикана од зголемениот број на електрични возила – Кина веќе успеа да го намали увозот на нафта за четири до пет милиони барели дневно.

Големите залихи и опаѓачката побарувачка значат дека на Кина ѝ е потребно да купува нафта само кога цените се ниски.

„Историски гледано, ОПЕК управуваше со пазарот преку контрола на понудата. Според нас, Кина сега управува со него преку побарувачката. Таа ќе ги надополнува своите резерви кога цената ќе ѝ одговара. Или, пак, ќе ги надополнува залихите кога тоа ќе ѝ служи за вршење притисок врз Вашингтон или Брисел.“ наведуваат од Morganns.

Брокерската куќа предупредува дека неодамнешната улога на американските рафинерии во зголемувањето на производството, со цел да се надомести недостигот од Блискиот Исток, можеби нема да трае уште долго. Домашната побарувачка за бензин и дизел во САД станува сè поважно политичко прашање.

„Американските рафинерии го одржуваат светот во движење. Тие надоместуваат голем дел од отсуството на Русија на извозните пазари“, наведуваат од „Морганс. Но, расте политичкиот притисок американските залихи да се задржат дома.“

(Forbes.rs)

(фото: Economy Next)

- Advertisement -