Николовски: СМД Смарт Електроникс го претвори бојлерот на Леов во SMART бојлер

- Advertisement -

„Паметниот бојлер“ на Леов, за кој СМД Смарт Електроникс го изработи целосниот хардвер и софтвер, како и мобилната  апликацијата овозможува контрола на бојлерот преку нашите телефонски уреди, вели во интервју за Иновативност, Никола Николовски, соосновач на „СМД Смарт Електроникс“

СМД е основана во 2012 година во Скопје со еден предизвик: Развој на паметна технологија со уникатно чувство за дизајн и едноставност. Нивните иновативни решенија се резултат на различните образовни и професионални бекграунди на тимот. Заедничката мотивација им е да создадат нешто ново и големо. Тимот на СМД е посветен на постојано задоволување на потребата на клиентите да изградат одржлив бизнис. Мотото на овој малд тим е едноставно, но софистицирано, до крајната цел, да се подобри секојдневниот живот на луѓето, дома и на работа.

(Разговараше – Сања Наумовска)

- Advertisement -
  •  SMD Smart Electronics е млада иновативна компанија, а паметните домови се во фокусот на вашиот интерес. Кажете ни нешто повеќе за вашата досегашна работа и за вашиот тим.

СМД Смарт Електроникс постои нешто повеќе од три години. Тимот се состои од млади луѓе чија идеа и предизвик беше да се развие нешто ново и креативно. Инспирирани од современиот начин на живот и постојаниот развој на технологијата и паметните уреди од една страна и потребата за оптимализација на времето, која стана многу потребна во оваа технолошка ера која ја живееме, решивме да се развиваме во овој правец и да понудиме нешто ново и иновативно. Денешните млади луѓе кои работат и постојано патуваат сакаат да бидат во чекор со технологијата која ќе им овозможи чувство на сигурност и контрола, а во исто време ќе им го олесни животот, ќе ги задоволи нивните секојдневни потреби и ќе овозможи штедење на електична енергија.

  • Како го доживувате предизвикот да создавате решенија за иднината, што ве мотивира?

Напредокот на технологијата, потребата од поедноставување на секојдневниот живот, кој го живееме со полна пареа. Наградите кои ги добивме-прво место во Република Македонија, а трето место интернационално, на натпреварот за иновации „Business Wall of Fame“ кој беше во организација на Дојче Телеком, секако ни се голем поттик и потврда дека сме на вистинскиот пат да се пробиеме на пазарот кој бара иновативност, креативност, уникатност и секако едноставност во секојдневната примена.

- Advertisement -
  • Какви решенија нудите за паметни домови, како функцинираат?

Паметните уреди на СМД Смарт Електроникс се уреди кои овозможуваат контрола и штедење, даваат чувство на сигурност и им го олеснуваат живтотот на корисниците. Истите се управуваат преку мобилна апликација, односно преку интернет сигнал, во реално време. Всушност, можеме да вклучуваме и исклучуваме светилки, уреди приклучени на паметниот штекер, да имаме увид во температурата во домот и да бидеме известувани за евентуалните промени, како и да имаме увид во потрошувачката на електрична енергија во домот. Едноставно кажано, ако имате заборавено вклучен уред во домот, тоа можете тоа да го видите преку мобилната апликација на вашиот телефон и веднаш да го исклучите уредот со што заштедувате електрична енергија. Постои можност и за локална контрола на греењето во домот, што значи дека може да се вклучат оние уреди кои ви се потребни, во оној дел од домот каде што е потребно. Можете да го вклучите бојлерот преку вашиот телефони каде и да сте. Ја имате информацијата колку водата е топла и можете да го котролирате целиот процес од било каде преку мобилниот телефон.

  • Достапни ли се уредите на СМД Смарт Електроникс на пазарот?

Генерално работиме на развој на нашите производи и пласирање на идеите кои со подршка на нашите партнери ги доразвиваме. Соработуваме со македонски компании и се обидуваме да пласираме производи на македонскиот но и на пазарите надвор од земјава. Еден од конкретните прозиводи кои може да се најдат на пазарот е „паметниот бојлер“ на „Леов“ за кој ние го изработивме целосниот хардвер и софтвер, како и мобилната  апликацијата. Се работи за решение за контрола на бојлер преку телефонски уреди.

- Advertisement -
  • Што е со решенијата за компаниите, енергетската ефикасност е еден од нивните главни интереси?

Енергетската ефикасност е тренд во светот кој се обидуваат да го следат и нашите компании. Технологијата која ние ја развиваме има голема примена во тој дел и во преговори сме со неколку компании за развивање на конкретна соработка.

  • Кои се продобивките од BCON plug уредот?

BCON plug е мултифункционален уред кој нуди контрола и мониторинг. Првенствено претставува plug & play термоконтролер наменет за локална контрола на грејни тела. Дополнително се вградени сензори кои обезбедуваат детекција на отворен прозор и мерач на моменталната потрошувачка на електрична енергија. Со ова уредот дополнително допринесува за поголема енергетска ефикасност. Со сензорот за детекција на движење BCON plug уредите може да се користат како аларм за детекција на движење, при што добивате нотификација во реално време на вашиот мобилен телефон. Дополнително секој BCON plug уред има вграден усб конектор како полнач за мобилен телефон.

  • Како функционира BCON системот на паметна куќа?

Ова практично значи дека речиси сите уреди во домот можете да ги котролирате преку апликација од вашиот мобилен телефон. Тоа значи дека можете не само да си го олесните вашето секојдневно функционирање, туку во исто време да заштедите електрична енергија. Ќе се согласите дена двете работи се неопходни со денешниот стил на живот

  • Како ја гледате иднината, кои се вашите предизвици, очекувате ли вашите решенија да бидат дел од секој дом?

Развиениот свет денес не може да се замисли без технолошките решенија кои нудат едноставни и во исто време енергетски ефикасни решенија. Затоа тоа е и концептот на кој работиме и кој и во иднина ќе го развиваме. Функционалноста во комбинација со модерен и во исто време едноставен дизајн е она што го бара пазарот и она што ние сакаме да го понудиме.

Сподели!
- Advertisement -