-0.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Huawei ќе претстави нов паметен телефон со технологија на вештачка интелигенција

Kabtel desktop

Новиот модел Mate 10 ќе пристигне во октомври 

Huawei како компанија неодамна ги отстрани Apple од второто место на листата на најголеми произведувачи на паметни телефони на светот, а новата „мета“ им е хардверот на Apple наменет да извршува задачи со помош на вештачка интелигенција како, на пример, препознавање на објекти.

Според информациите кои доаѓаат, Huawei ќе претстави нов паметен телефон кој ќе биде вистински телефон со вештачка интелигенција наречен Mate 10.

Вградувањето на чипови за вештачка интелигенција во мобилните телефони е голема предност бидејќи овозможуваат нова брзина на обработка на податоци, подолго траење на батеријата како и поголема сигурност на корисниците.

На саемот IFA во Берлин кој се одржа минатиот месец, компанијата претстави нов чип Kirin 970 кој поседува сопствена единица за процесирање односно NPU единица.

Можно е новиот телефон на Huawei да има многу подлабока интеграција на вештачка интелигенија бидејќи и последниот модел Mate 9 користеше машинско учење за да го прилагоди оперативниот систем на навиките на корисникот. Целта на Huawei е да ја прошири технологијат на вештачка интелигенција на целосниот систем.

(klix.ba)


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!