12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Обезбедете си место на втората Конференција за социјални иноватори во Скопје!

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

На 2 октомври во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар ќе се одржи втората Конференција на социјални иноватори во организација на „Social Impact Lab“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“.

Форматот на Конференцијата, која ќе ја следи публика од 300 гости, е сличен како на TEDx конференциите, каде што говорниците ќе ги споделат своите лични приказни за општествено влијание во термин од 10 до 15 мин. Билетите за присуство чинат 300 денари и истите се купуваат онлајн на линкот: Eventbrite. Во моментов, постои опција и за аплицирање за бесплатна влезница со интеракција на постовите на фб страницата на Social Impact Lab.

Годинава, македонската публика ќе има можност да ги слушне инспиративните приказни на успешните социјални иноватори: Мона Шах од „Harry Schocs“, (Велика Британија), Ернест Радал од „Mobilearn“, (Шведска), Андра Слац од „Younited Cultures“, (Романија/Австрија), Перин Шобер од „Shades Tours“, (Австрија), Марија Садовска од „Barka Foundation“, (Полска), Маријана Савиќ од „Bagel Shop“, (Србија), Армин Маглиќ од „Играј, учи, расти“, (Босна и Херцеговина), Пезана Реџа од „Design by Pana“ од Албанија, и Љубомир Стојчески од „Фрешис“, (Македонија).

Во рамките на настанот ќе се одржи и Експо на социјални претпријатија од Македонија, како и промоција на ново издание на „Лице в лице“. Конференцијата ќе биде заокружена со доделување на наградата Social Impact Award 2017.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!