Tesla можеби е најпознатиот производител на електрични возила, но не им е сигурна позицијата на пазарот. Едни од конкурентите е и автрискиот стартап Kreisel Electric GmbH, во кој инвестираше Арнолд Шварценегер и неговиот внук. Kreisel сега се сели во истражувачки центар веден 12 милиони долари, каде што ќе се тестира нова технологија за батерии.
Од 2014 година досега Kreisel Electric GmbH работеше во гаража. Сега стартапот ќе се сели во скап центар каде што ќе ја доразвива својата технологија. Во изминатите две години технологијата за батерии се развиваше забрзано и сега тој пазарен сегмент е особено динамичен. Од Kreisel велат дека имаат посебен начин на развој на технологијата.
Компанијата веќе потпиша договори за одобрување и нивната технологија ќе почне да се инсталира во автомобили од 2020 година. Австрискиот стартап забрзано расте пред се затоа што вети дека со својата патентирана техника на ласерско топење и термално ладење ќе истисне од пазарот речиси 65% од литиум-јонските батерии кои се користат сега.
Kreisel добри финансиска поддршка од двајца членови на семјеството Шварценегер: Арнолд Шварценегер, и неговиот внук Патрик Кнап Шварценегер.Засега тие имаат договорено соработка за инфраструктура за полнење со Porsche Holding Salzburg и VLD Groep во Холандија. Една од тактиките на Kreisel за преживување на конкуренцијата е да се фокусираат на развој на технологија и масовното производство да го остават на Tesla и нивните ривали.
(Inhabitat)