Најголемата светска трка на соларни автомобили, World Solar Challenge, почна во Австралија, а производителите на соларни автомобили од повеќе од 30 земји од светот ќе се тркаат на патека долга 3.000 километри од северот до југот на Австралија. Годинава натпреварот прославува 30-годишнина од првата трка одржана во 1987 година.
Тимовите од студенти кои сами со свои раце направија електрични автомобили кои работат на соларна енергија изминатите денови ги тестираа своите возила. Последните подготовки на автомобилите се одржаа вчера. Од моментот кога денес го напуштија градот Дарвин ученсиците на трката ќе мора да ги возат автомобилите секој ден до 17 часот, односно до заоѓањето на сонцето. Во текот на ноќта ќе кампуваат во австралиските пустини.
Правилата на трката World Solar Challenge прилично се едноставни. Најдобрите учесници постигнуваат најголема брзина од околу 100 километри на час на растојание од 3.000 километри. Најголемото поминато растојание во еден ден од 830 километри го постигна холандскиот соларен автомобил Nuna II во 2003 година.
Учесниците се натпреваруваат во три категории и тоа во категорија предизвикувачи, крстарици и најконкурентни авантуристи. Се очекува дека најбрзите тимови ќе стигнат до Аделаида во јужна Австралија идниот четврток.
(Klix.ba)