Училиштето „Роберт В. Коулман“ од Балтимор звучи како некое училиште од соништата. Зошто? Затоа што таму нема дополнителни часови и казни за непримерните ученици. Наместо тоа, таму има таканаречена соба Mindful Moment Room. Собата е обоена во светли бои и претставува вистинска оаза на мирот. Многу поразлично од обичните соби каде што вообичаено непримерните ученици ги поминуваат казните.
Сето тоа е дел од програмата „Hollistic Me“. Иницијативата ги учи децата да практикуваат медитација и вежби за дишење додека со професионалци отворено зборуваат за проблемите кои ги направиле. Програмата е во партнерство со локалната непрофитна организација Hollistic Life Foundation. Резултатите досега се импресивни. Всушност, откако пред две години за прв пат училиштето стана дел од програмата нема суспендирано ниеден ученик.