Во иднина нема да јадеме со прибор – храната ќе левитира директно до нашата уста

- Advertisement -

Заборавете на приборот за јадење затоа што храната наскоро можеби ќе левитира директно до нашата уста. Истражувачи од Универзитетот на Сасекс открија дека со помош на звучни бранови со висока фреквенција вкусните залчиња храна можат да лебдат и не само тоа – слатките десерти на овој начин стануваат уште повкусни.

Сепак, има една финта – парчињата храна не смее да бидат поголеми од зрно грашок. Доктор Мариана Обрист, која работи на Универзитетот, вели дека засега процесот може да се користи за во случаи кога само сакате да пробате нешто, а не да се најадете.

- Advertisement -

Во текот на процесот малите парчиња храна се ставени во кутија со звучни бранови, поради што стануваат бестежински. Научниците велат и дека при лебдењето слатката храна станува уште послатка, додека горчливите работи стануваат многу повкусни.

Ова дефинитивно може да ви се најде доколку имате деца кои не скаат да јадат, особено здрави оброци како зеленчук или овошје. Доколку направите да им биде забавно, на овој начин може да примаат и лекови затоа што дефинитивно ќе биде необично.

- Advertisement -

(DailyMail)

Сподели!
- Advertisement -