На Kickstarter трае кампањата со која се собираат средства за ToothShower, систем за орална хигиена кој овозможува ритуалот на миење заби да го правите под туш или во када. Тушот за заби работи на погон на вода и целосно ќе ја исчисти површината на забите. Кампњата на Kickstarter досега собра повеќе од 47.000 долари од 480 поддржувачи.
Системот ToothShower го осмисли денталната хигиеничарка Лиза Генст откако сфатила дека многу пациенти не користат конец за заби секојдневно затоа што им немаат време, како и колку е непрактично кога се обидуваме да ги исчистиме забите само со вода.
Системот се состои од основа која ја поставувате на страните на тушот, четичка за заби со две глави, кои би требало да ја исчистат и предната и задната страна на забите, како и јазикот. Делот кој овозможува да го прескокнете конецот за заби е врвот за испирање, со помош на кој можете да ди досегнете тешко достапните делови од забите. Последниот составен дел е масажер за непцата, кој распоредува седум млазови вода за да ја отстрани храната меѓу забите и да ја поттикне циркулацијата на забното месо.
Додека трае кампањата на Kickstarter, ToothShower чини 79 долари. Се очекува дека испораката ќе почне во мај идната година.
(tportal.hr)