На прес – конференција денес, градоначалникот на Скопје, Петре Шелегов, најави голема акција за чистење на улиците на Скопје која ќе започне овој четврток и ќе трае дваесет дена. Акцијата е една од краткорочните мерки против загадувањето на градот.
За акцијата ќе бидат ангажирани невработени лица кои ќе работат заедно со надлежните институции. Тие исто така ќе добијат хонорар, надомест за храна и платен превоз.
„Секоја општина со целата своја механизација, заедно со градските јавни претпријатија и ангажираните лица ќе чисти во точно определени денови. Почнуваме од Бутел, а потоа ќе продолжиме во другите општини. Предвидени се по ден-два за секоја општина во зависност од нејзината големина. Откако ќе завршиме со чистењето на општините, ќе се чисти кејот на реката Вардар.“, изјави Шилегов.
Акцијата за чистење на Скопје ќе се реализира секоја есен и пролет и предвидено е да стане традиционална.