Светските ИТ експерти за сајбер безбедност доаѓаат во Скопје

- Advertisement -

Од 4 до 7 декември ќе се одржи настан на кој светски ИТ експерти ќе ги споделат своите искуства на тема сајбер безбедност. Станува збор за Паула Јанушкиевич и Грег Творек, имиња кои им се добро познати на ИТ професионалците, за кои е и наменет овој настан

Обуката е наменета за enterprise професионалци за безбедност, систем инженери, мрежни администратори, IT професионалци, консултанти за безбедност и сите останати кои се одговорни за имплементација на мрежна безбедност и безбедност на периметар.

Настанот се одржува во организација на Семос Едукација, кои Паула Јанушкиевич ја носат во Македонија по трет пат. „Паула е еден од најголемите светски ИТ експерти за сајбер безбедност со богати познавања и искуства од оваа област со кои може многу да им помогне на нашите ИТ професионалци во унапредување на нивната работа. Токму затоа по трет пат, без двоумење ја ангажираме да дојде во Скопје, и тоа овој пат заедно со Грег со кого настанот добива уште поголема вредност. Водени од претходните искуства, воопшто не се сомневаме дека учесниците ќе уживаат во секој момент од овие 4 дена“, вели раководителот на одделот за ИТ безбедност во Семос Едукација, Наташа Ристеска Тодоровска.

- Advertisement -

Паула ќе одржи мастер клас на тема Hacking Windows Infrastructure. „Ќе истражувате критични задачи за висококвалитетно пенетрациско тестирање. Ќе мапирате мрежи и ќе откривате таргет систем и сервиси, ќе пребарувате ранливости. Целта е да ви покажеме и да ве научиме какви видови на механизми се дозволени за да се влезе во инфраструктурата и во оперативните системи. Ќе стекнете знаење и ќе добиете алатки за пенетрациско тестирање“ објаснува Паула. За овој мастер клас препорачливо е слушателите да имаат претходно познавање на безбедносни концепти како OS сервиси и архитектура.

Грег ќе одржи напреден курс на тема Securing Windows Infrastructure. „Овој курс ги покрива сите аспекти на безбедноста на Windows инфраструктурата за која сите зборуваат. Целта е да научите како да дизајнирате и имплементирате безбедна инфраструктура заснована на разумен баланс помеѓу безбедноста и комфорот со добро познавање за можностите на напаѓачите“ објаснува тој.
Повикот од Паула Јанушкиевич и Грег Творек за обуката во Скопје можете да го погледнете на следното видео:

- Advertisement -

За предавачите:
Паула е IT Security Auditor & Penetration Tester, Enterprise Security MVP, Microsoft Security Trusted Advisor и Microsoft сертифициран тренер. Исто така е презентер на многу светски познати конференции како што се Microsoft Ignite, TechEd North America, TechEd Europe, TechEd Middle East, RSA, TechDays, CyberCrime, на кои е често оценувана како најдобар говорник. Таа има спроведено стотици пенетрациски тестирања и безбедносни ревизии за многу компании и институции вклучувајќи и владини организации. Нејзината специјалност се безбедносните решенија за што поседува и голем број на сертификати.

Грег е номиниран 10 пати по ред за Most Valuable Professional (MVP) од страна на Microsoft. Има пристап до Windows source code и е поканет на учествува на Springboard Technical Experts Panel, Security Trusted Advisor Program и многу други. Поседува MTA, MCP, MCP+I, MCSA, MCSE, MCDBA, и CQURE Academy Security Master сертификати.

Сподели!
- Advertisement -