Телефон за одвикнување од зависност од паметни телефони

- Advertisement -

Дизајнерот Клеменс Шилингер креираше сет од предмети со форма на телефон кои имаат терапевтска улога, односно има помагаат на зависниците од паметни телефони да се излечат од зависноста. Дизајнерот од Виена ја направи серијата Substitute Phones, на кои се поставени каменчиња во правците на најчесто користените движења кај паметните телефони односно зумирање, листање и влечење.

Dezeen пишува дека со замената на дигиталните функции со каменчиња Шилингер сака да направи терапевтска алатка така што ќе обезбеди физичка стимулација како замена за употребата на телефон.

- Advertisement -

„Екранот на паметниот телефон ни овозможува да избегаме во виртуелниот свет на социјалните медиуми. Проверуваме мејлови и пораки не само во јавен превоз, туку и во социјални ситуации како, на пример, кога сме излегле на пијалак со пријатели. Се почесто чувствуваме потреба да го проверуваме телефонот, дуи и кога не очекуваме ништо посебно. Тоа ме инспирираше да направам алатка која ќе го спречи ваквото однесување“ објаснува Шилингер.

Додека работел на проектот инспирација црпел и од италијанскиот филозоф и писател Умберто Еко, кој кога се обидувал да се одвикне од пушењето користел дрвено стапче наместо луле. Секој сет од каменчиња се направени од природниот камен холит, а се поставени во тело направено од пластика. Оваа пластика е тешка, па е достојна имитација на паметниот телефон.

Сподели!
- Advertisement -