Starbucks го отвора првото кафуле со засилена реалност во светот

- Advertisement -

Со право има репутација на место каде што заедно со кафето се служи и најмодерната технологија – Starbucks ќе ја отвори првата продавница-кафуле каде што ќе се служи и засилена реалност. Кафулето е дел од концептот Roastery и ќе биде отворено утре. Сепак, за да го видите и да ја доживеете засилената реалност ќе мора да појдете во Шангај.

Starbucks пред три години во Сиетл за прв пат го претстави концептот Roastery – посетителите можат да уживаат во ретки видови кафе од целиот свет во луксузен ентериер сосема поразличен од типичниот.  Засилената реалност во кафулето во Шангај само ќе го дополни уживањето, пишува Digital Trends.

- Advertisement -

Shanghai Roastery е досега најголемото кафуле на компанијата со површина од руи 2.700 квадратни метри. Посетителите таму ќе можат да го извадат својот паметен телефон и да добијат инсајдерски информации за процесот на печење и варење на кафето. Само ќе треба да ја насочат камерата на телефонот кон делот од кафулето што ги интересира и ќе се појави текст и графика на екранот.

„Со помош на посебно дизајнираниот водич во засилена реалност посетителите ќе можат да отклучат виртуелни значки и уникатни Roastery филтри“ велат оттаму. Кафулето е дел од еден посложен маркетиншки трик за посетителите да ја разгледаат огромната локација и да ги посетат и пекарницата, 3Д печатениот бар за чај или најдолгото кафуле во светот.

Сподели!
- Advertisement -