Село во источна Германија се продаде на аукција за 140.000 евра

- Advertisement -

Населбата со површина од 16 000 метри квадратни била дом на фабрика за гориво во периодот на комунизмот во источна Германија. Но селото започнало да пропаѓа после паѓањето на Берлинскиот ѕид

Селцето Алвајн во германската сојузна држава Бранденбург беше продадено викендов во аукциска куќа во Берлин за 140 000 евра. Аукциската куќа Кархаусен ја ставила првичната цена на селото на 125 000 евра, кое се наоѓа на два часа возење од Берлин, известува Deutsche Welle.

„Имаше неколку заинтересирани за продажбата, вклучувајќи и луѓе од странство.“, изјавил Матијас Нејк, портпарол на Кархаусен. Анонимниот купувач на крајот бил единствениот кој дал понуда.

- Advertisement -

Улиците на Алвајн, како и деветте запуштени градби во кои живеат вкупно 15 луѓе, исто така биле дел од понудата. Во периодот на комунизмот, во селото живеле околу 50 жители, многу од кои се отселиле после обединувањето на Германија и затворањето на фабрика за гориво во 1990 година.

- Advertisement -

Двајца браќа го купиле селото во 2001 година за симболична сума од 1 германска марка, но не успеале да ја спасат населбата. Во Алвајн нема продавници, ниту поврзаност со јавен превоз, па селото било ставено на продажба после смртта на едниот од браќата.

Сподели!
- Advertisement -