Запросете ја партнерката со мобилен телефон наместо со прстен

- Advertisement -

Замислете мобилен телефон со кој ќе можете да ја снимите реакцијата на партнерот/партнерката во време на просидбата? Е па и тоа стигна на пазарот. Двојка од Њујорк, Џејмс Амблер и Кит Гликман, ја осмислија RokShok маската за мобилен телефон. Како што пишува 24sata.hr, вереничкиот прстен се става во заштитната маска за телефон и излегува кога ќе се отвори маската. Амблер тврди дека сакале да измислат нешто ново и дефинитивно успеале во тоа.

Ова е модерна кутија за веренички прстен, но многу подобро го скрива од вистинска кутија. Тоа и била нивната цел – целосно да се изненади партнерот и истовремено да се сними реакцијата. Исто така, тенкиот дизајн овозможува да го собере во секој џеб. Со оглед на тоа дека денес социјалните мрежи се преполни со фотографии и видеозаписи од веридби и венчавки, нема сомнение дека наскоро ќе има наплив на реакции од веридби.

- Advertisement -

Статистиката покажува дека 57% од корисниците на социјалните мрежи објавуваат фотографија од својот веренички прстен веднаш по просидбата, а 79% од паровите објавуваат дека се вериле. RokShok ќе се продава по цена од 14 долари.

Сподели!
- Advertisement -