Најпопуларните пребарувања на Google годинава – доминираат биткоин и новите модели на iPhone

- Advertisement -

Луѓето во светот годинава најмногу сакале да знаат за криптовалутите и како да ги купат, пишува магазинот Inc

Со години, луѓето имаат доверба во Google да им ги даде најпрецизните одговори, како и одговорите за она што се срамат да го прашаат, со што зборот „гугла“ официјално се најде во речникот во 2006 година.

Оваа година, луѓето го консултирале пребарувачот за информации за биткоинот, за новите паметни телефони и за играчките fidget spinners. Листата која беше објавена во средата, ги дели резултатите во категории како вести, технологија и „како да..“ . За да го состави рангирањето, Google прегледал преку трилиони пребарувања и ги исфилтрирал оние кои се повторуваат и лажните пребарувања.

- Advertisement -

Во категоријата за глобални вести, вториот најбаран поим бил биткоинот, позади пребарувањата за природните катастрофи како ураганот Ирма. Ова не е за изненадување ако се земе предвид неверојатниот раст на криптовалутата годинава, кога започна со вредност под 1 000 долари, а веќе е до 17 000.

Исто така, луѓето се интересирале како можат да купат биткоини. Ова пребарување било трето по ред во категоријата „како да..“ заедно со пребарувања за подготовување за помрачувањето на сонцето и замрзнување на кредити.

- Advertisement -

Новите модели на iPhone исто така доминирале во пребарувањата, со iPhone 8 и iPhone X како второ и трето најпопуларно пребарување. Луѓето исто така поставувале прашања за играчката fidget spinner и за тоа како да ја направат.

Сподели!
- Advertisement -