Повеќето автомобилски компании се обидуваат како да ја исклучат потребата возач да управува со возилата, но Nissan технологијата ја користи на позабавен начин. Компанијата истражува технологија наречена „мозок-возило“ која може да ги чита мозочните бранови и да ги предвиди следните потези, пишува Engadget.
Откако возачот ќе го стави на глава уредот сличен на капа тој почнува да ја мери мозочната активност. Системот на вештачка интелигенција потоа може да предвиди дали ќе завртите или ќе закочите и самиот ќе ја направи истата работа 0,2 до 0,5 секунди пред возачот.
„Кога мислиме на автономно возење сите имаме некоја визија за иднина каде што луѓето нема да има потреба да возат. Технологијата, пак, ‚мозок-возило’ го прави спротивното – ги користи сигналите од вашиот мозок за возењето да го направи повозбудливо и поубаво“ велат од Nissan.
Nissan е предводник на полето на зелената и автономна технологија со својот Leaf EV, кој сега може да помине околу 240 километри со едно полнење и има полуавтономен систем ProPilot. Nissan е првата автомобилска компанија која ја поврзува мозочната активност на возачите со возилата за позабавно возење.