Компанија во Сингапур продава само производи кои биле финансирани на Kickstarter

- Advertisement -

We The People е компанија од Сингапур која ексклузивно продава само производи кои се развиени преку онлајн платформата за групно финансирање Kickstarter. На купувачите им нуди шанса да купат производи од Kickstarter без да мора да чекаат за да ги купат или да плаќаат за транспорт.

Сопствениците на We The People ги контактираат креаторите на кампањите и работат заедно со нив за да го прошират пазарот на продажба во Азија. Сите производи во продавниците доаѓаат со целосна приказна за нивното создавање, информации колку пари биле собрани на кампањата и бројот на луѓе кои донирале за кампањата.

- Advertisement -

На веб страницата на We The People може да се видат и тековни кампањи кои ги поддржуваат. Моментално во Сингапур има продавница на четири локации, а компанијата планира да се шири во други земји како Шведска и Јужна Кореја.

Сподели!
- Advertisement -