6.5 C
Skopje
четврток, декември 12, 2019

Во ова идилично гратче на Сардинија можете да купете куќа за едно евро

Kabtel desktop

Гратчето Ололаи, сместено во планинскиот предел Барбаџа на Сардинија, наскоро би можело да стане град на духови поради што локалните власти започнале необична кампања. Со цел да го подмладат и привлечат населението на гратчето нудат акциска цена на куќа од само 1 евро. Властите се надеваат дека освен симболичната цена на недвижностите, потенцијалните купувачи ќе бидат привлечени и од пејзажот и интересната историја на градот.

Како што пишува Vecernji List, во текот на педесет години населението на Ололаи се намалило од 2.250 на 1.300 луѓе, а секоја година се раѓаат само по неколку бебиња. „Отсекогаш сме биле силен народ и нема да дозволиме нашиот град да умира“ рекол градоначалникот Ефисио Арбау.

Но, понудата доаѓа со одреден услов. Бидејќи куќите кои се на продажба се релативно стари и пред распаѓање, новите сопственици се обврзани по купувањето да ги реновираат. Односно, мора да се обврзат дека куќата ќе ја реновираат во рок од три години, што ќе ги чини повеќе од 20.000 евра.

 

Ололаи некогаш бил главен град на областа Барбаџа, а иако некогаш изобилувал со живот, заминувањето на младите луѓе во поголемите градови ги завило улиците во тишина. Празните куќи во градот веќе пропаѓаат со децении. Инаку, во градот е зачуван одреден традиционален стил на живот, со тоа што локалните пастири живеат од производство на овчо сирење по кое е позната областа, додека пак уметниците изработуваат кошници.

„Куќите кои се на продажба се изработени од сардиниски сив гранитен камен кој доаѓа од околните планини.“, изјавил градоначалникот, додавајќи дека до сега се продадени три куќи, а се разгледуваат пристигнатите стотина понуди, вклучувајќи и од заинтересирани купувачи од Русија и Австралија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •