2.9 C
Skopje
четврток, февруари 20, 2020

Бил Гејтс планира загадувањето од воздухот да го претвори во еколошко гориво

Kabtel desktop

Дали во иднина воздухот ќе можеме да го претвораме во гориво? Можеби звучи сосема лудо, но токму тоа е идејата на соосновачот на Microsoft, милијардерот Бил Гејтс, и неговите партнери, кои експериментираат со технологија која ќе го запре глобалното затоплување и ќе обезбедат огромни количини чисто гориво.

Инженерите во Сквемиш, Канада, веќе успеаја да го извлечат јаглерод диоксидот од воздухот и да го искористат за да направат мешавина од бензин и дизел. Тие се надеваат дека ќе можат процесот да го пренесат на ниво на индустрија, пренесува Светскиот економски форум.

Carbon Engineering, компанија основана од Гејтс, физичарот Дејвид Кет и магнатот со нафтен песок Норман Мареј Едвардс и нивниот партнер, канадската енергетска компанија, Greyrock, во декември минатата година го објавија своето револуционерно достигнување.

Технологиите за заловување н јаглерод диоксидот од воздухот и синтеза на гориво не се нови, но комбинирани, употребени во поголеми размери и напојувани со соларна енергија може да ја исчистат планетата Земја додека истовремено ќе обезбедат карбонски неутрално гориво за чие производство ќе се потроши помалку вода отколку за биогоривата. Од Carbon Engineering проценуваат дека доколку се пренесе на поголеми размери, со оваа технологија може да се произведува гориво кое ќе чини помалку од 1 долар за литар.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •