Појавата и големата популарност на социјалните мрежи во изминатата деценија им овозможи на компаниите нов вид на интеракција со потенцијалните купувачи.
Компанијата Brandwatch преку својот специјализиран софтвер за препознавање на логотипи и брендови, пребарала повеќе од 100 милиони фотографии од Instagram и Twitter и на тој начин доби увид во застапеноста на брендовите на социјалните мрежи.
Најголемиот светски синџир за брза храна McDonald’s е на првото место. Логото на оваа компанија месечно се појавува на речиси 900.000 фотографии. Во тој контекст, ова значи дека 21 фотографија со логото на McDonald’s се објавуваат секоја минута, односно една фотографија на секои три секунди.
На социјалните мрежи најмногу има фотографии во областа на спортските брендови, каде што предничи Nike, потоа се технолошките брендови (Google) и малопродажбата (McDonald’s).
(Marketing365)