Од првите пет најкористени социјални мрежи во светот, Facebook поседува четири

- Advertisement -

Социјалната мрежа Facebook нема за сега сериозен конкурент кој би можел да му ја загрози водечката позиција, а како компанија, во своја сопственост има уште неколку социјални мрежи кои делуваат на глобално ниво.

Како што пренесува ICT Business, единствена мрежа која по популарност се приближува кон Facebook, е кинеската WeChat која има 980 милиони активни корисници на месечно ниво.

Но овие броеви им се доволни само за да ја заземат четврттата позиција помеѓу најкористените социјални мрежи. На првото место на листата, секако се наоѓа Facebook со 2,07 милијарда активни корисници месечно. Потоа следува WhatsApp со 1,3 милијарда корисници месечно, како и Messenger со 1,2 милијарда корисници месечно.

- Advertisement -

Instagram која исто така е во сопственост на Facebook, се наоѓа близу WeChat и има 800 милиони корисници месечно. Ова е неверојатна и успешно спроведена стратегија на Facebook Inc.

Погледнете ја целата листа подолу за да видите како се држат останатите социјални мрежи како Twitter, Snapchat и останати.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -