ConferenceBike е кружен велосипед за дури седуммина

- Advertisement -

Не е шега – ConferenceBike е револуционерен начин за зближување на луѓето. CoBi-7 може да го возат дури сеуммина седнати на седишта поставени во круг. Еден ги држи рачките и управува, а другите шестмина вртат на педали. Овој велосипед досега се користи во 18 земји во светот за сосема различни цели. Во Берлин, Сан Франциско и Балтимор, на пример, се користи за шетање на туристи, во Копенхаген и во Сан Диего се користи за тим билдинг во компании, а во Даблин и Флорида за движење на слепи лица.

Ги користат и на хуманитарни настани за собирање пари, како и групи кои се залагаат за поголема упoтреба на велосипедите. Во кампусот на Google во Калифорнија вработените се возат со CoBies, а на универзитетите Винсен, Стони Брук и Алфред за побрзо запознавање на студентите. Секоја од овие групи што ги користат велосипедите знае дека се алатка и симбол за зближување на луѓето.

- Advertisement -

Овој револуционерен велосипед е дело на интернационално признатиот уметник и иноватор Ерик Сталер.

Сподели!
- Advertisement -