Групата засегнати страни за прекуграничниот регион „Шара“ денеска ќе одржи состанок во Призрен, Косово. Состанокот се одржува во рамките на проектот финансиран од Европската Унија – „Регионална соработка и вмрежување во полето на земјоделството, руралниот и економскиот развој во прекуграничните региони”, имплементиран од Постојаната работна група за регионален рурален развој во југоисточна Европа – SWG.
Претставниците од јавните институции, бизнис секторот, невладини организации и другите чинители од Македонија, Албанија и Косово ќе имаат можност да дискутираат на различни теми и проектни идеи кои ќе придонесат за интегриран економски развој на прекуграничниот регион „Шара”.
Проектот се стреми да придонесе кон избалансиран социоекономски развој на руралните области во насочените прекугранични региони на Западен Балкан, преку ефикасна регионална прекугранична соработка и зајакнување на регионалните капацитети за економска диверзификација во руралните средини.
SWG e меѓународна меѓувладина организација составена од владините институции одговорни за рурален развој во соодветните земји и територии од Југоисточна Европа. ABDA методологијата – пристап базиран на развој на територија (ABDA) преставува иновативен и инклузивен методолошки пристап кој овозможува одржлив развој на руралните прекугранични подрачја во Западен Балкан кои се карактеризираат со специфични развојни проблеми.