Altaro Software од Малта отвори претставништво во Скопје

- Advertisement -

Altaro Software со гордост го најавува проширувањето на своите бизнис активности преку отворањето на претставништво во Скопје, Македонија.

Тимот на Altaro во Скопје во моментов брои 7 вработени со план за проширување до 20 вработени до крајот на оваа година. Во претставништвото во Скопје ќе се вработуваат .NET софтвер програмери, специјалисти за техничка поддршка како и други профили од ИТ индустријата. Како дел од редовниот тренинг и обука сите нововработени ќе го посетат седиштето на Altaro во Малта, каде што ќе се запознаат со целиот тим.

- Advertisement -

Повеќе од 40.000 компании во над 130 земји во светот го користат софтверското решение за зачување на податоци (back up) на Altaro, меѓу кои се вбројуваат и: Microsoft, Xerox, Amazon, Seiko, Mitsubishi Polyester, Peugeot, Discovery Channel и многу други.

За разлика од традиционалните софтверски компании, Altaro не прави софтвер по нарачка, туку развива свои сопствени решенија и истите ги нуди како готов производ. Компанијата користи најнови напредни .NET технологии за развој и ги поседува интелектуалните права за своите производи.

- Advertisement -

Altaro е формирана во 2009 година во Малта како мала старт-ап компанија, која денес брои над 70 вработени во повеќе земји и продолжува да расте.

Како дел од своите планови за развој Altaro Software истражуваше неколку дестинации за инвестирање и притоа ја мапира ше Македонија како најдобрата локација за своето работење пред се поради висококвалификуваната работна сила, одличното познавање на англиски јазик, отвореноста за соработка, како и одличните услови за започнување и водење на бизнис.

- Advertisement -

Маја Костова, првиот член на тимот во Скопје, изјави: „Бев инспирирана од посветеноста и решителноста на четирите основачи на Altaro, кои работеле напорно за да ги остварат своите соништа. Сакав да бидам дел од таа успешна приказна и сакам да сум опкружена со луѓе кои секојдневно тежнеат кон успех и ги мотивираат луѓето околу нив да бидат најдобри во тоа што го работат. Од првиот ден, се чувствував како дел од компанијата и тие направија се за да бидам и дел од тимот, бидејќи тоа всушност и го претставуваат, тим кој заеднички чекори кон целта. Искрено верувам дека Altaro е вистинското место за надградба на својата кариера.“

Дејвид Вела, Директор на Altaro Software, изјави: „Македонија беше вистинскиот избор за нас. Овде доживеавме една култура слична на нашата и пронајдовме луѓе со одлични ИТ вештини и одлично познавање на англискиот јазик. Малта и Македонија ја делат истата временска зона и тимовите во двете земји добро работат заедно како дел од едно големо семејство. Уште поважно, јас едноставно ја сакам Македонија. Луѓето се одлични и секогаш кога ги посетувам се чувствувам како дома”.

Новата канцеларија на Altaro во Македонија се наоѓа на ул.Васил Ѓоргов 31/19, Скопје.

Сподели!
- Advertisement -