Загребскиот футуристички хостел „Сабспејс“ најдобар во источна и централна Европа

- Advertisement -

Загребскиот футуристички хостел „Сабспејс“ ја освои наградата за најдобар новоотворен хостел во источна и централна Европа.

Тоа е единствениот хостел во кој гостите спијат во вселенски капсули, а се тушираат во канализациски цевки.

Хрвоје Крлиќ, сопственикот на овој сајбер хостел во центарот на Загреб, водејќи се според љубовта кон сцени од филмот „Петтиот елемент“, кога актерката Мила Јововиќ спие во една таква капсула се сетил да го дизајнира овој хостел на таков начин.

- Advertisement -

Крлиќ  вели дека со овој конпецт не сакал да ги копира и рециклира старите трендови туку да понуди нешто сосема ново, како што тоа порано беше отворање на сајбер кафе. Токму во иновативниот пристап тој ја гледа иднината на хотелиерскиот бизнис.

Сподели!
- Advertisement -