Лигата Drone Racing League (DRL) се здружи со BMW и заедно ќе го прават најбрзиот дрон во светот. Дроновите денес се сеприсутни, се користат за различни цели, а најчесто за фотографирање или снимање од височина. Како што се намалуваат цените на технологијата така дроновите стануваат ценовно попристапни.
Многумина веќе знаат и дека постои лига наречена Drone Racing League, во којашто се натпреваруваат дронови. Во рамките на лигата минатата година беше поставен и рекордот за најбрз дрон со брзина од 263,1 км/ч. Ова не е воопшто лошо за дрон тежок само 800 грама.
Меѓутоа, сеха лигата сака да постави нов рекорд, па се здружи со германскиот автомобилски гигант BMW, кој ќе ја даде својата техничка експертиза и ќе овозможи пристап до воздушниот тунел во Центарот за тестови од аеродинамика. Трката на дронови станува се попопуларен спорт, а DRL лигата потпиша и договор со светски најпознатиот спортски канал ESPN.