CEED Македонија организира едукативна програма за менаџери на средно ниво

- Advertisement -

CEED Македонија најави програма за менаџери на средно ниво вработени во бизнис секторот во Република Македонија.

Шестдневната едукативна програма, CEED Middle Management, којашто е единствена од ваков тип во Македонија, е создадена токму за раководителите од средно ниво. Наоѓајќи се истовремено во положба на претпоставени на тимот, со којшто раководат и подредени на своите раководители од повисоко ниво, менаџерите на средно ниво имаат специфичната улога за којашто програмата нуди ефикасни совети и решенија.

- Advertisement -

Таа има за цел да одговори на нивните потреби, нудејќи знаења, вештини и техники за ефикасно раководење со вработените, успешно балансирање на индивидуалните задачи и личните потреби со барањата на претпоставените од повисоко ниво, при тоа сведувајќи го нивото на стрес на минимум.

Учесниците ќе бидат вклучени во развојна програма базирана на нови знаења и усовршување и зајакнување на вештини, размена на искуства со другите учесници и воспоставување на соработка и деловни контакти.

- Advertisement -

Едукативната програма, којашто ќе има четири нивоа, започнува на 2. април 2018 година. Сите оние кои ќе се пријават до 26 март добиваат 20% попуст. За повеќе информации за програмата и начинот на аплицирање, посетете го следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -