-0.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Шестото издание на Codefest Tech Festival од 20 до 22 април во Охрид

Kabtel desktop

Оваа година ќе се одржи шестото по ред издание на фестивалот за кодирање Codefest Tech Festival, кој традиционално се одржува во Охрид во организација на Стартап Зона.

Codefest Tech Festival веќе има изградено репутација како одличен меѓународен настан кој преку тридневна програма ја промовира македонската технолошка сцена, ги поврзува професионалците и им нуди можности за професионален развој преку работилници и обуки со реномирани експерти.

Оваа година агендата вклучува целодневна конференција на која ќе учествуваат иноватори и визионери од глобалната технолошка и стартап сцена, како и работилници кои се отворени за пошироката јавност. Традиционално се планира и 32-часовниот Codefest Marathon, каде што различни тимови ќе развиваат своите идеи и проекти групирани во три категории: Junior, Student и Pro.

Меѓу другото, ќе биде отворен и CFX-Business Expo, односно саем кој ќе се одржува преку целите три дена на кој ќе се претстават технолошки компании и стартапи од регионот, а ќе функционира и Codefest Community Corner, во кој ќе им биде овозможено на компаниите и стартапите да организираат свој настан во рамките на фестивалот.

Повеќе информации за настанот можете да најдете на веб страницата на Codefest и на нивната Facebook страница. Регистрацијата за учество можете да ја направите најдоцна до 19 април на следниов линк.

Локацијата на настанот е хотел Инекс Горица во Охрид.

Во следново видео погледнете како помина Codefest минатата година.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!