Компанијата за обувки Borovo ја претстави новата кожена колекција Startas

- Advertisement -

Линијата патики Startas од компанијата Borovо, со седиште во Вуковар, Хрватска, настана во 1976 година и изворно се дизајнирани за играње пинг понг. Патиките се платнени, ниски, со гумен ѓон и се направени од природни материјали, а инспирирани од традицијата и културата.

Сега колекцијата Startas доби засилување со колекцијата Startas Univerzal, кои се направени од природна велур кожа. Новите патики во кожена изведба се направени од најквалитетни природни материјали. Дизајнот на патиките е малку ретро, а ги има во девет различни комбинации на бои кои ќе внесат свежина во вашиот пролетен изглед. Startas Univerzal ги има во величини од број 36 до број 42, а цената се движи од 45 евра.

Сподели!
- Advertisement -