Технолози, дизајнери и маркетери од Макпрогрес повеќе од две години работеа на креирањето на асортиманот на „Фантазија“, неговото тестирање и лансирање, а денес тие се дел од нашето секојдневие
Фантазија е најновиот бренд на македонска кондиторска компанија Макпрогрес. Оваа линија на полуготови производи, која овозможува брза и лесна подготовка на колачи, палачинки, кејкови, мафини и крекери, е уникатна по многу нешта. Првпат македонска компанија воведува производство на ваков тип производи, а солената линија се смета за уникатна и иновативна и на поширокиот пазар.
„Иновативност“ како и вообичаено ги „лови“ сите иновации на македонскиот пазар, па во „Макпрогрес“ прашавме: по што е специфична Фантазија?
„Асортиманот на Фантазија вклучува разни мешавини за успешна подготовка на колачи, крекери, мафини, како и голем избор на додатоци и декорации за десерти. Фантазија нуди иновативни производи, нешто што за прв пат се нуди во светот, како на пример солени мафини и крекери кои се идеални и брзи за подготовка на појадок или ужинка.
Фантазија нуди голем избор на полуготови јадења, подготвени според потребите на модерните потрошувачи, кои имаат се помалку време за готвење, а сакаат убаво да се хранат. Брендот Фантазија, во кујната главно е насочен кон млади зафатени жени кои немаат многу време на располагање, но сакаат на своите најмили да им покажат колку многу им значат и да им подготват нешто вкусно и домашно“, објаснува Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес.
Од каде дојде идејата и инспирацијата за овој тип на производи?
Во новото време потрошувачот е тој кој поставува правила и владее. Макпрогрес e компанија целосно посветена на модерниот потрошувач и неговите потребите. Така и се јавила идејата за Фантазија.
“Долго време, можеби повеќе од две години, се подготвуваме и работевме напорно на создавање на овој бренд. Тргнавме од идејата дека сакаме да имаме производи кои ќе се подготвуваат за кратко време, а ќе бидат наменети за сите оние кои сакаат да имаат повеќе време за себе и дружење со најблиските“, вели Глигоров.
Мешавините за солени мафини и крекери се навистина уникатни. Кој е креатор на овие производи?
Повеќе од две години тимот на технолози, контролори на квалитет, технолози и маркетери од „Макпрогрес“ работеа на состојките, рецептурите и изгледот на финалните производите. Развојот на целата гама на производи се должи на развојните структурите на Макпрогрес. Со овие производи главно се таргетираат жени од 25-40 години кои живеат во урбана средина, но и на пошироката популација.
“На наше задоволство уште при самото лансирање на линијата имаме позитивни коментари и прифатливост од потрошувачите. Периодов организираме и продажни промоции во маркети каде потрошувачите може да вкусат тукушто испечени мафини, брауни или колачи од кујната на Фантазија и да си добијат подарок од полза на секоја домаќинка“.

Каде можат да се најдат во малопродажба новите Фантазија производи?
Производите на Фантазија се во процес на целосно влистување во националните ланци како Тинекс, Веро, Рамстор како и во локалните ланци на маркети низ Македонија.
Уште на самиот почеток од лансирањето на брендот реакциите од потрошувачите се исклучително позитивни!
Вака изгледа подготовка на солени мафини:
Иновација претворена во совршен залак. Солени мафини со разни семиња. Уникатен, богат и незаборавен вкус. Fantasia Salty Muffin со семиња.#FantasiaInCucina #ФантазијаВоКујната
Posted by Fantasia on Вторник, 03 април 2018